YouTube денеска објави дека на една недела го суспендира телевизискиот канал Скај њуз Австралија (Sky News Australia) од својата платформа за размена на видео-снимки поради лажни информации за ковид-19.
„Имаме јасна политика за лажните информации за ковид-19 за да спречиме ширење на лажни информации за коронавирусот кои можат да нанесат штета на светот“,
се наведува во соопштението на YouTube.
Скај њуз Австралија е во сопственост на медиумскиот могул Руперт Мардок, а на YouTube има 1,86 претплатници. Телевизијата пред три дена на YouTube објави колумна на автор кој се спротивставува на рестриктивните мерки и ги критикува властите за затворањето на Сиднеј.
YouTube има три вида казни за прекршувања: првата е суспензија од една недела, потоа две недели за повторување на прекршокот во рок од 90 дена и конечно трајно отстранување од платформата.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше суспендиран од YouTube на почетокот на 2021 година.
Видео платформата YouTube е во сопственост на Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл (Google).