Новиот обид за транспорт на цивили во Запорожје од разурнатиот пристанишен град, кој главно е под руска контрола, ќе се случи утре наутро
Евакуацијата на цивилите од деловите на Мариупол кои не припаѓаат на челичарницата Азовстал е одложена за утре поради безбедносни причини, соопшти денеска Градскиот совет, a јави Би-Би-Си.
Покрај борците и цивилите опколени во Азовстал, во јужниот дел на градот останаа околу 100 000 жители. Новиот обид за транспорт на цивили во Запорожје од разурнатиот пристанишен град, кој главно е под руска контрола, ќе се случи утре наутро, соопшти градскиот совет на Запорожје.
Запорожје е под руска контрола. Тоа е дестинација за претходните операции за евакуација.
Во посебна мисија координирана од меѓународните хуманитарни групи денеска, околу 100 цивили можеа да ја напуштат фабриката за челик Азовстал во Мариупол, според украинскиот претседател.
Обединетите нации претходно денеска потврдија дека е во тек операција за евакуација на луѓе од фабрика за челик во бомбардираниот украински град Мариупол.
Портпаролот на ОН за хуманитарна помош, Савијано Абреу, изјави за новинската агенција „Асошиетет прес“ дека напорите да се извлечат луѓето од големата фабрика за челик Азовстал се прават во соработка со Меѓународниот комитет за Црвениот крст и во координација со украинските и руските власти.
ОН веруваат дека околу 1 000 цивили живеат под челичарницата Азовстал во градот, единствениот дел од Мариупол кој не е под руска окупација.