Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава е регистриран негативен природен прираст кој изнесува – 1 962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица
Во првиот квартал од годинава склучени се вкупно 1 797 бракови што, според податоците на Државниот завод за статистика, е намалување за 2,7 отсто во споредба со истиот перод од 2025 година.

Во првото тримесечје од годинава, пак, регистрирани се 494 разведени бракови, што е зголемување од 6.2 проценти во споредба со истиот период од 2025 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава е регистриран негативен природен прираст кој изнесува – 1 962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Природниот прираст, според ДЗС, е негативен во 66 општини.
Во споредба со истиот период лани, бројот на живородени деца изнесува 3 380 и е намален за 4,1 проценти. Бројот на починатите лица, пак, во првото тромесечје од 2026 година е намален за 1 процент во споредба со истиот период минатата година и изнесува 5 342 лица, од кои девет се умрени доенчиња.
