Полицијата постапува по повици за насилство врз луѓето во карантин, што се споделуваат низ социјалните мрежи.
За ова информира дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, посочувајќи дека попладнево на фејсбук бил споделуван пост од лице кое повикува на насилство кон наши сограѓани кои се сместени во хотелите кои се наменети за државен карантин.
„Случајот го пријавив и се постапува. Повикот за линч, насилство и говор на омраза не смее и нема да биде толериран, без оглед кон кого е насочен“,
напиша Петровска на фејсбук.
За време на викендот, револт кај група битолчани предизвика отворањето на првиот државен карантин во овој град во хотелот „Широк Сокак“. Потоа, министерот за здравство Венко Филипче порача дека луѓето во карантин не смеат да бидат стигматизирани и дека, главно, станува збор за здрави лица кои мора да го поминат периодот предвиде за изолација.