Речиси два и пол часа откако избегал од затвор, полицијата денеска уапсила 24-годишeн затвореник во Скопје.
За него била распишана локална потерница, по објава од полициска станица „Чаир“, каде што во 12 часот било пријавено дека избегал од затворот во Скопје.
Лицето е приведено во Гази Баба, а потоа спроведено во казненопоправната установа за доиздржување на казната.
„Денеска (11.02.2023) во 14:20 часот на ул. ‘Маџари’, на подрачјето на Гази Баба, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ. Д. (24) од Скопје. За него била распишана локална потерница по објава од полициската станица „Чаир“, каде што во 12 часот било пријавено дека избегал од казненопоправната установа Затвор Скопје. Лицето е приведено во полициската станица „Гази Баба“, а потоа спроведено во казненопоправната установа за доиздржување на казната“,
соопшти МВР.