Ова е трета рунда американски напади во рок од една недела, во услови на зголемени тензии меѓу двете земји и по серијата јавни закани упатени од нивните лидери
Иранските државни медиуми, пак, тврдат дека иранските сили возвратиле со напади врз американски воени објекти во Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а дел од овие земји соопштија дека биле цел на ракетни и беспилотни напади
Американската војска соопшти дека се погодени 140 ирански воени цели во последните напади врз Иран, по извршени напади врз трговски брод што минувал низ Ормускиот Теснец, за што Вашингтон го обвини Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, пренесува Си-ен-ен.

Ова е трета рунда американски напади во рок од една недела, во услови на зголемени тензии меѓу двете земји и по серијата јавни закани упатени од нивните лидери.
Иранските медиуми објавија дека американски напади се извршени врз повеќе јужни провинции, меѓу кои Бушер, Хормозган, Хузестан, Систан и Белуџистан, како и во западната провинција Лорестан.
„Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и комерцијални бродови што слободно минуваат низ Теснецот“,
велат од ЦЕНТКОМ.
Новата размена на напади во Персискиот Залив следи откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека привремениот договор во конфликтот со Иран е завршен.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет порача дека Иран направил лош избор и сега ја плаќа цената, додека претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф одговори дека ерата на еднострани договори е завршена.
Иранските државни медиуми, пак, тврдат дека иранските сили возвратиле со напади врз американски воени објекти во Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а дел од овие земји соопштија дека биле цел на ракетни и беспилотни напади.
Во нападот врз трговскиот брод исчезна еден индиски државјанин, а Катар соопшти дека три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени за време на операциите за пресретнување.
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека неколку бродови ги игнорирале предупредувањата да го променат курсот и да продолжат по одобрена рута, додавајќи дека еден од нив бил запрен по предупредувачки истрел.
U.S. Central Command (CENTCOM) announced it has completed a third round of strikes this week against Iranian military targets in response to another attack on a commercial vessel in the Strait of Hormuz.
— OSINTdefender (@sentdefender) July 12, 2026
According to CENTCOM, approximately 140 military targets were struck during… pic.twitter.com/qyqOhYttD7
Во меѓувреме, Оман изготви прелиминарен предлог за управување со пловните рути во Ормускиот Теснец, изјавил извор за Си-ен-ен.
Американски претставници претходно посочија дека нуклеарните преговори со Иран не можат да продолжат додека безбедноста на овој стратешки важен премин не биде обезбедена.
Од ЦЕНТКОМ дополнително информираат дека од почетокот на мај американските сили помогнале во обезбедувањето безбеден транзит на повеќе од 800 комерцијални бродови низ Ормускиот Теснец, што транспортирале околу 400 милиони барели сурова нафта.
