На денешното редовно собрание е избран составот на новиот Управен одбор на ДПМ, како и членови на Судот на честа на Друштвото, а новото раководство треба наскоро да ја одржи и конститутивната седница на која ќе избере потпретседател
Писеталеката Гордана Јовиќ-Стојковска е нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Како што соопштија вечерва оттаму, во пријатна колегијална атмосфера, членството на Друштвото на писателите на Македонија успешно го одржало своето редовно собрание, на кое е избрано ново раководство.

Јовиќ-Стојковиќ е избрана за претседателката со поддршка од мнозинството членови на ДПМ.
За членови на новиот Управниот одбор на ДПМ се избрани досегашниот претседател Живко Грозданоски, заедно со другите членови – Петар Андоновски, Драгана Евтимова, Хана Корнети, Елизабета Јончиќ и Сеида Бегановиќ.
За нови членови на Судот на честа се избрани писателката Ирена Јурчева, поранешната претседателка на ДПМ Соња Стојменска Елзесер, како и авторите Диме Ратајкоски, Марина Мијаковска и Иван Антоновски.
„Сакам да им честитам на сите избрани, особено на младата екипа, на која особено ѝ се радувам. Верувам дека имаме многу добро конципирана изборна програма и дека успешно ќе соработуваме. Па и половина од замисленото да го направиме, соработувајќи во рамки на Друштвото, со особен обѕир кон членовите надвор од Скопје, како и од заедниците – ќе биде одлично“,
рече новата претседателка на Друштвото во своето обраќање до членството.
Новото раководство на Друштвото на писателите на Македонија треба наскоро да ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе избере потпретседател.
