Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска, вечерва го искритикува лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, откако тој беше затекнат во внатрешноста на угостителски објект, што во моментов е забрането.
„Лицемерие до бескрај. Еден ден „загрижен” претседател на партија, друг ден скриен „боемџија”. Кога е искрен Мицкоски? Пак ќе биде отсјај?“
напиша Петровска на својот „Фејбук“ профил.
Христијан Мицкоски вечерва беше затекнат во внатрешноста на угостителски објект, при обид на пазарната инспекција да изврши контрола. Пазарните инспектори останаа повеќе од два часа пред објектот и не им бил дозволен влез.
И покрај тоа што Мицкоски заминал, пред објектот се уште има полиција и тоа не само една единица. Таму се и екипи на СВР Скопје, каде шефот е кадар на министерот Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, и припадници на ЕБР по наредба од шефот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, кој е кадар на СДСМ.