Си-ен-ен пишува оти ФБИ го истражува инцидентот како злосторство од омраза поради документи пронајдени од мајката на еден од осомничените. Два часа пред нападот, жената се јавила во полиција за да пријави дека нејзиниот син излегол од дома со неколку оружја и автомобил, придружуван од пријател, двајцата облечени во камуфлажна облека

Три лица се загинати во пукотница во џамија во Сан Диего додека двајца осомничени напаѓачи, кои биле тинејџери, се пронајдени мртви во автомобил во близина на местото на нападот.
Пукањето се случило кратко пред пладневната молитва во Исламскиот центар, кој се наоѓа во областа Клермонт во Сан Диего.
Еден од убиените бил обезбедувач чии постапки биле опишани како „херојски“. Шефот на полицијата во Сан Диего, Скот Вал вели дека службениците сè уште утврдуваат дали обезбедувачот се вклучил во нападот врз осомничените, но неговите постапки, како што вели, помогнале да се спасат животи, пишува Си-ен-ен.
Вал вели дека ФБИ е повикано да помогне во истрагата на инцидентот, за кој рече оти властите го третираат како злосторство од омраза.
Шефот на полицијата вели дека двајцата осомничени, кои биле на возраст од 17 и 18 години, биле пронајдени мртви во автомобил, кој бил паркиран на средина од улицата во близина на џамијата, од „самонанесени рани од огнено оружје“.
Си-ен-ен пишува оти ФБИ го истражува инцидентот како злосторство од омраза поради документи пронајдени од мајката на еден од осомничените. Два часа пред нападот, жената се јавила во полиција за да пријави дека нејзиниот син излегол од дома со неколку оружја и автомобил, придружуван од пријател, двајцата облечени во камуфлажна облека. Полицијата првично одговорила на дојава за потенцијално самоубиствен тинејџер.
Говор на омраза бил испишан на едно од оружјата што биле користени во пукањето, и иако спецификите на јазикот не биле веднаш јасни, Вал рекол дека покрива широк спектар. Тој додава дека во написите не е содржана специфична закана за Исламскиот центар, велејќи дека е „погенерализирана“.
Исламскиот центар во Клермонт е најголемата џамија во округот Сан Диего, а дел од него е и академијата „Брајт Хорајзон“, училиште кое нуди исламско образование. Сите деца што одат во училиштето кое е дел од Исламскиот центар се безбедни по пукањето.
Footage shows children being escorted out of the Islamic Center of San Diego after today’s deadly shooting in California.
— Open Source Intel (@Osint613) May 18, 2026
Via @husseinmizoury pic.twitter.com/flFIESGirr
NEW: Children at a nearby school are escorted out by police after an active shooter was reported at the Islamic Center of San Diego.
— Fox News (@FoxNews) May 18, 2026
2 teen suspects are dead from what appear to be self-inflicted gunshot wounds, according to police.
Officials say at least 3 adult male victims… pic.twitter.com/fTkpiHEas3
По нападот гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, изјави дека е згрозен од насилниот напад во центарот. Тој додаде дека Калифорнија „нема да толерира терористички акти или заплашување на религиозните заедници“.
Си-ен-ен, според изјава на Џејмс Канинг, портпарол на Обединетиот училишен округ во Сан Диего, пишува дека еден од осомничените за пукотницата во џамија во Сан Диего е 17-годишен средношколец што го посетувал основното училиште „Кејт Сешнс“ и училиште за креативни и изведувачки уметности во Сан Диего.
