Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на прес-конференција го повика претседателот Пендаровски да одговори кој тоа барал од него амнестија, откако синоќа во интервју за емисијата „Трилинг“ шефот на државата откри дека пред неколку месеци од „некои актери на политичката сцена“ бил консултиран околу можноста за амнестија на поранешниот премиер Никола Груевски
Во врска со наводите изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, од кабинетот на шефот на државата информираат дека до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати биле упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари.
„Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари“,
се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на прес-конференција го повика претседателот Пендаровски да одговори кој барал од него амнестија, откако синоќа во интервју за емисијата „Трилинг“ шефот на државата откри дека пред неколку месеци од „некои актери на политичката сцена“ бил консултиран околу можноста за амнестија на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил, цитирам ‘консултиран од некои актери на политичката сцена’ за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија“,
рече Стоилковски.