Директорот Стојко Пауновски рече дека инспекторите може да контролираат само правни субјекти со седиште, но не и физички лица преку социјални мрежи
Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски одговарајќи на новинарско прашање дали ги контролираат продажбите на заштитни маски преку Фејсбук.
„За жал, за продажбата преку Фејсбук не можеме ниту да реагираме ниту да контролираме. Има физички лица кои продаваат маски, ракавици. Што значи, сите што купуваат преку Фејсбук, купуваат на сопствен ризик“,
рече Пауновски.
Тој потврди дека во земјава има доволно маски во аптеките, а воедно има и наше производство, чии цени се од 5 до 95 денари за парче, во зависност од што се произведени и какви се.

Тој рече дека Инспекторатот со кој раководи прави постојано контроли во однос на пријавите за покачени цени на маските, но рече дека малку може да се направи во врска со тоа бидејќи од извршените 64 контроли во аптеки, констатирано е дека маските кои биле добиени до 11 март (кога цените се замрзнуваат) и натаму се по истата цена, но новите пратки имаат други цени, односно секој нов производ е со друга цена.