Директорот на ДПИ рече дека до крајот на годината се очекува 37 инспектори да заминат во пензија, а дека новите примени од пред година-две се уште се на обука пред да излезат на терен
Немаме доволно инпектори меѓутоа постапуваме максимално со капацитетот со кој располагаме, посочи денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, нагласувајќи Министерството за финансии го одбило денеска барањето за 20 вработвања во ДПИ.
„Сите инспектори што се со звање советник или помлад инспектор ги користиме за излегување на терен, и дење и ноќе, во зависност од нивната смена. Денеска Министерството за финансии го одби барањето за вработување на 20 инспектори потребни во Државниот пазарен инспекторат“,
рече Пауновски.
Директорот на ДПИ рече дека до крајот на годината се очекува 37 инспектори да заминат во пензија, а дека новите примени од пред година-две се уште се на обука пред да излезат на терен.
За изречените пријави од страна на Пазарниот инспекторат, од 5 до 11 октомври, Пауновски рече дека тие се однесуваат на новите протоколи изнесени од Комисијата за заразни болести, а тоа се за четоворица на маса и другите дополнителни одлуки кои се донесени.
„Кривичните пријави од овој викенд се однесуваат на организирање на свадби и непочитување на протоколите од последната одлука на здравстевената комисија. Ниту едно решение или кривична пријава изречена од инспекторите не е направена постфестум и врз основа на дојава. Дојавите се користат само да се упатат инспекторите на правото место“,
истакна Пауновски.