Пауновски, пак, во изјава за Телма ТВ рече дека ова за него било очекувано, но и дека му е криво што немал конфликт со премиерот Зоран Заев, ако имал тоа било со шефот на кабинет на првиот вицепремиер, Артан Груби, од чие министерство беа распределени рамковно вработените кои ДПИ не сакаше да ги прифати
Владата преку социјалните мрежи се огласи за разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, наведувајќи дека отстранување од функцијата е поради непрофесионално работење, како и дека одлуката е донесена консензуално врз основа на етичкиот кодекс.
„Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат“,
објави портпаролот на Владата.
Пауновски, пак, во изјава за Телма ТВ рече дека ова за него било очекувано, но и дека му е криво што немал конфликт со премиерот Зоран Заев, ако имал тоа било со шефот на кабинет на првиот вицепремиер, Артан Груби, од чие министерство беа распределени рамковно вработените кои ДПИ не сакаше да ги прифати.
„Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вицепремиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања“,
изјави за Телма ТВ, Стојко Пауновски.