Од ЦУК ги известиле во ЈП „Македонија пат“, но оттаму добиле одговор дека станува збор за пат што е од четврта категорија на приоритет и дека во текот на вчерашниот ден немале слободно возило за интервенција

Патот меѓу Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно денеска се очекува да биде исчистен од голомразица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК вчера информираа дека овој пат не е безбеден за движење со моторни возила и апелираа да не се користи. Од фотографии објавени на фејсбук-страницата на Општина Карпош може да се види дека на овој дел од патот има заглавено неколку автомобили.
Откако било добиено известувањето од ЦУК, ги информирале во ЈП „Македонија пат“, но оттаму добиле одговор дека станува збор за пат што е од четврта категорија на приоритет и дека во текот на вчерашниот ден немале слободно возило за интервенција.
Од „Македонија пат“ било одговорено дека машините за расчистување биле на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина за да се интервенира.
