Во Франција ретко се одложуваат избори, но ланските општински избори беа исто така одложени од март за јуни, по првиот воведен национален карантин поради коронавирусот
Локалните избори во Франција, кои беа закажани за март, се одложени за јуни поради епидемиолошката состојба во државата. Тоа го одлучи синоќа Сенатот на францускиот парламент.
Според одлуката, гласањето ќе се одржи на 13 и 20 јуни.
Одложувањето на изборите се должи на загриженоста што новиот коронавирус може брзо да се шири меѓу луѓето во и околу избирачките места.
Во Франција ретко се одложуваат Избори, но ланските општински избори беа исто така одложени од март за јуни, по првиот воведен национален карантин поради коронавирусот.