Како доказ за наводната трансакција на 20 август, изворот на Скај њуз приложил сателитски снимки за кои вели дека покажуваат два руски воени товарни авиони на аеродромот во Техеран. Според него, еден од авионите Иљушин ИЛ-76 се верува дека носел 140 милиони евра (122 милиони фунти) и заробено западно оружје
Руски воен авион тајно слета на аеродромот во Техеран во раните утрински часови на 20 август. Носеше три модели на муниција; британската противтенковска ракета НЛАВ, американската противтенковска ракета Јавелин и противвоздушната ракета Стингер и 140 милиони евра во готовина. Оружјето било дел од пратката со британска и американска воена опрема наменета за украинската војска која „паднала во руски раце“, сведочи анонимен извор на Скај њуз. Тој објаснува дека оружјето може да му даде на иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) способност да ја проучува западната технологија и потенцијално да ја копира и користи во идните војни.
„Тие веројатно ќе бидат изработени во обратен инженеринг и ќе се користат во идните војни. Иран, исто така, се чини дека сака да профитира од војната (во Украина) со прифаќање на западната технологија што ќе му биде корисна во иднина – како што се случи во минатото“,
вели изворот на Скај њуз.
Како доказ за наводната трансакција на 20 август, изворот приложил сателитски снимки за кои вели дека покажуваат два руски воени товарни авиони на аеродромот во Техеран. Според него, еден од авионите Иљушин ИЛ-76 се верува дека носел 140 милиони евра (122 милиони фунти) и заробено западно оружје.
Првата слика, со временски печат во 01:17 часот на 20 август, покажува два авиони, означени со црвени линии, на аеродромот Мехрабад во иранската престолнина.
На друга слика, направена нешто по 3:30 часот, едниот авион се префрлил на пистата, а другиот се свртел. Изворот тврди дека како дел од овој договор, најмалку пет руски авиони превезувале беспилотни летала од Иран од 20 август.
Од своја страна, Иран и достави на Русија повеќе од 160 беспилотни летала (UAVs), вклучително и 100 беспилотни летала Шахед-136, тврди изворот. Тие се наречени „камикаѕи беспилотни летала“ бидејќи експлодираат при удар.
Изворот наведува дека во изминатите неколку дена Техеран и Москва договориле понатамошна работа со беспилотни летала вредни 200 милиони евра.
„Ова значи дека ќе пристигне уште една голема пратка беспилотни летала од Иран“,
рече тој.
Иран негира дека ѝ испорачувал беспилотни летала на Русија, а Кремљ соопшти дека нема информации дали се користени ирански беспилотни летала, камикаѕи-дронови, користени на 17 октомври во нападот на Киев.