Европската Унија собира докази за тоа дали Иран ѝ продава беспилотни летала на Русија. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел рече дека доколку се докаже дека обвинувањата се точни тогаш Унијата ќе одговори
Од Кремљ денеска соопшти дека немаат сознанија дека нивните сили користат ирански беспилотни летала во интензивните напади врз Украина, кои траат по нападот на мостот на Крим, јави АФП.
Кремљ со тоа ги демантира извештаите на Украина и на западните медиуми дека Киев, како и многу други градови во Украина, се буквално „покриени“ со ирански дронови.
#BREAKING Kremlin says it has no knowledge of its army using Iran drones in Ukraine pic.twitter.com/15D1kxmsdP
— AFP News Agency (@AFP) October 18, 2022
Европската Унија собира докази за тоа дали Иран ѝ продава беспилотни летала на Русија. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел рече дека доколку се докаже дека обвинувањата се точни тогаш Унијата ќе одговори.
„Многу внимателно ја следиме оваа употреба на беспилотни летала. Собираме докази и ќе бидеме подготвени да реагираме со сите средства што ни стојат на располагање“,
изјави Борел по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој беше одлучено да се воведат санкции за официјални лица од Иран кои се сметаат за одговорни за насилничкото однесување кон демонстрантите во антивладините протести.
Вчера реагираа и САД порачувајќи дека ќе ја казнат секоја компанија или земја која соработува со иранската програма за беспилотни летала.
„Секој што спроведува активности со Иран поврзани со развој на беспилотни летала или балистички ракети или е вклучен во движењето на оружје од Иран во Русија, треба да внимава. САД нема да се двоумат да воведат санкции или да преземат акција против главните одговорни“,
рече портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.
Дека Русија напаѓа со дроновите познати како „камикаѕи“, произведени во Иран, првично обвини Украина. Украинските власти ги идентификуваа беспилотните летала како иранско оружје откако повеќе градови беа погодени со нив.