Министерството за внатрешни работи соопшти дека по пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци и повика секој случај на семејно насилство навреме да се пријавува

Триесет и еденгодишен охриѓанец ја нападнал својата девојка, 59-годишен струмичанец се однесувал агресивно кон својата 91-годишна мајка, 19-годишен кумановец физички го нападнал татка си, а 52 годишен скопјанец бил нападнат од својата сопруга која пробала да ја нападне и свекрвата.
Ова се само неколку од вкупно 15 случаи на семејно насилство што во изминатите 24 часа биле пријавени во полиција. Во повеќето случаи пријавените се лишени од слобода, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека по пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
„Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“,
соопшти МВР.
