Претходно, повеќе од 300 српски полицајци поднесоа оставки и демонстративно ги соблекоа униформите во полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица. Оставките на полициските службеници се дел од одлуката на претставниците на Србите на Косово да ги напуштат косовските институции, откако Приштина продолжи со спроведување на планот за пререгистрација на возилата со српски таблички
Полициски службеници од северот на Косово поднесоа оставки во косовската полиција и на административните премини „Јариње“ и „Брњак“, пренесува српскиот национален сервис – РТС.

Оставки, според информациите поднеле и српските полицакци од контролно-надзорниот пункт „Лепосавиќ“, кој се наоѓа во Јариње, на околу 500 метри од административниот премин.
Претходно, повеќе од 300 српски полицајци поднесоа оставки и ги демонстративно ги соблекоа униформите во полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица.

Оставките на полициските службеници се дел од одлуката на претставниците на Србите на Косово да ги напуштат косовските институции, откако Приштина продолжи со спроведување на планот за пререгистрација на возилата со српски таблички.

Денеска на посебни седници одржани во четири општини на северот на Косово градоначалниците на Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток и формално поднесоа оставка од својата функција.
На седниците оставки поднесоа и претседателите на општинските собранија, како и советниците.
Со ова претставниците на четирите локални самоуправи на северот на Косово почнаа да ги спроведуваат одлуките и заклучоците што беа донесени на саботната седница на политичките и институционалните претставници на Србите на Косово.
Денеска во северниот дел на Косовска Митровица се одржа протестен митинг на косовоските Срби, откако вчера нивните претставници ги напуштија институциите поради револт кон косовските власти за пререгистрација на возилата со српски таблички на северот на Косово.
Протестот помина без инциденти, но РТС јави дека група Албанци во населбата Бошњачко маало поставиле албански знамиња.
На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а не на Приштина. Рече дека во Северна Митровица собирот има за цел да испрати јасна порака дека е доста од „шиканирање“ од страна.