Доколку некому платата му е 17 000 денари, во моментот кога ќе се изгласа законот во парламентот, ќе се врши и исплата на тие дополнителни илјада денари, рече министерот Алити, според кого, прашање на денови е кога ќе се надмине ситуацијата
Кога ќе се изгласаат измените на Законот за административни службеници, ќе може да се исплати минималецот од 18 000 за администрацијата, порача вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.
Министерот вели дека е потребно изгласување и на овој закон со оглед дека има колизија меѓу законите, а со оглед дека покачениот минималец почна да важи со мартовската плата, вработените во државните институции дополнително ќе го добијат преостанатиот дел до 18 000 денари.
„Овој закон деновиве е во Собранието. Ние како Влада не сме во позиција да го натераме парламентот да го изгласа кога ние сакаме, туку нашите очекувања се дека до следната недела ќе се изгласа. Начинот на решавање на оваа ситуација е таква што мнозинството од министерствата исплатата ја вршат толку колку што биле платите досега. Претпоставуваме, доколку некому платата му е 17 000 денари, во моментот кога ќе се изгласа во парламентот, се врши и исплата на тие дополнителни илјада денари. Значи, во суштина, тоа што го имаме како став, како Влада, е дека до крајот на овој месец, сите плати од месец март ќе се исплатат со минимум 18 илјади денари. Нема да има ниеден работник во јавната администрација кој ќе добие помалку од 18 илјади денари“,
рече Алити.
Според него, ова не е проблем, бидејќи е прашање на денови кога ќе се реши ситуацијата и институциите ќе може да го исплатат новиот минималец.
*Повеќе вести од дебатата во „360 степени“:
Инфлацијата веќе ги изеде платите – синдикалецот Деаноски му одговори на премиерот Ковачевски
Деаноски: Следува радикализација ако не седнеме на преговори со Владата
Алити: Треба да најдеме начин за зголемување на платите, но без закани за протести и штрајкови