Нов состанок, по подолга пауза, на лидерите на иницијативата „мал Шенген“
Лидерите на иницијативата „мал Шенген“ ќе одржат попладнево трилатерална онлајн средба, како што соопштија од кабинетот на македонскиот премиер Зоран Заев.
Покрај Заев, на средбата ќе учествуваат и српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама. Тие, минатата година, го покренаа процесот „мал Шенген“, чија цел е слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во Западен Балкан, подобрување на регионалната соработка, со цел зголемување на економскиот раст, привлекување инвестиции и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.
Вучиќ, пред десетина дена, најави дека до крајот на овој месец ќе се одржи видеоконференција меѓу лидерите за „мал Шенген“, како иницијатива кон која се приклучуваат и други земји од регионот.