Од компанијата потсетуваат дека станува збор за продолжение на серијата мерки за поддршка што ОКТА ги спроведува од март оваа година, а чија цел е ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународниот врз домашниот пазар на горива
Владата на вчерашната седница, што ден претходно ја најави премиерот Христијан Мицкоски, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни и информира дека во разговорите со ОКТА бил договорен дополнителен попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од 1 јуни, односно денеска
Компанијата ОКТА денеска преку писмено соопштение информира дека донела одлука за привремен попуст од два денари по литар за бензините од 95 и 98 октани. Попустот, како што информираат од компанијата, која е најголем снабдувач во земјава со нафта и нафтени деривати, ќе стартува од утре (2 јуни) и ќе трае до 16 јуни.

Соопштението од ОКТА доаѓа откако вчера Владата на седница донесе одлука за продолжување на мерките кои треба да ги амортизираат цените на нафтените деривати, кои изминатите три месеци се под притисок поради случувањата на Блискиот Исток, односно војната на САД и Израел против Иран и затворањето на Ормускиот Tеснец.
Од владината прес-служба вчера информираа дека во разговорите со компанијата ОКТА бил договорен дополнителен попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од денеска, понеделник – 1 јуни.
„Како резултат на тековните движења на меѓународните цени на горивата и континуираната конструктивна комуникација со Владата, ОКТА АД – Скопје донесе одлука да воведе привремен попуст од два денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година“,
се вели во соопштението од ОКТА.
Попустот ќе важи за трговците кои работат со продажба на големо и на мало, и кои набавуваат бензин од ОКТА. Како и досега, додаваат од компанијата, трговцуите на големо и оние на мало, самостојно ќе ги утврдуваат крајните малопродажни цени на бензинот, во согласност со нивните комерицијални политики и пазарните услови.
Од компанијата потсетуваат дека станува збор за продолжение на серијата мерки за поддршка што ОКТА ги спроведува од март оваа година, а чија цел е ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународниот врз домашниот пазар на горива.
Очекувањата на ОКТА се придонесот на компанијата за поддршка на домашниот пазар на горива да надмине седум милиони евра
„Истовремено, ОКТА останува посветена на обезбедување сигурно и непречено снабдување со горива, притоа зачувувајќи ја долгорочната стабилност на своето работење и синџирот на снабдување“,
се вели во соопштението.
Владата на вчерашната седница, што ден претходно ја најави премиерот Христијан Мицкоски, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни и информира дека во разговорите со ОКТА бил договорен дополнителен попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од 1 јуни, односно денеска.
Со овие мерки и согласно пресметките, велат од Владата, нејзините очекувања се цената на дизел-горивото да се намали за шест и пол денари по литар, додека бензините да поевтинат за еден и пол денар по литар.
Премиерот Христијан Мицкоски завчера, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека очекува стабилизирање на цените на горивата, додавајќи дека земјава и понатаму ќе остане со најниски цени на нафтените деривати во регионот.
Денеска се очекува Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) да ги соопшти новите цени на горивата, по што ќе биде познато дали ќе се остварат очекувањата на Владата.
