Со овие мерки и согласно пресметките, велат од Владата, нејзините очекувања се цената на дизел горивото да се намали за шест и пол денари по литар, додека бензите треба да поевтинат за еден и пол денар по литар
Владата на денешната седница, што вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски, донела одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за нафтените деривати до 15 јуни.

Истовремено, како што информираа од владината прес-служба, во разговорите со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, било договорен дополнителн попуст од два денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник – 1 јуни.
Со овие мерки и согласно пресметките, велат од Владата, нејзините очекувања се цената на дизел горивото да се намали за шест и пол денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за еден и пол денар по литар.
„Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици.
се наведува во соопштението од Владата.
Владата останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност“,
Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање, рече дека очекува стабилизирање на цените на горивата, додавајќи дека земјава и понатаму ќе остане со најниски цени на нафтените деривати во регионот.
Инаку, одлуките за промена на цените на енергенсите ги донесува Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
