Полициски службеници го забележале и го спречиле момчето во намерата да го запали знамето, по што било одведено во полициска станица
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка и предложи притвор за 20-годишник, осомничен дека вчеравечер се обидел да го запали националното албанско знаме. Притоа, како што посочуваат од Обвинителството, бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле.

Момчето е приведено поради сомнение за сторено кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од КЗ.
За случајот информираа и од Министерството за внатрешни работи.
“Вчера во 23:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода К.К. (20) од Скопје. Тој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме. Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица“,
информираа од МВР додавајќи дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.