„Речиси сите лица од објавената видеоснимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија“, велат од ОЈО Куманово
Според првичните информации кои се проверуваат, од Обвинителството велат дека две лица биле предмет на напад од поголема група
Основното јавно обвинителство Куманово информира дека се идентификувани речиси сите лица од видеоснимката од случајот од Куманово во кој група лица бркаат други лица во градот, а дека се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за случајот.
Според првичните информации кои се проверуваат, од Обвинителството велат дека две лица биле предмет на напад од поголема група.
„Основното јавно обвинителство Куманово и СВР Куманово интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видеоснимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група. Речиси сите лица од објавената видеоснимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија“,
се наведува во соопштението.
По целосното утврдување на фактите, додаваат оттаму, ОЈО Куманово ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката за што јавноста веднаш ќе биде информирана.
За случајот, претходно денеска партијата Алијанса за Албанците обвини за физички напад на етничка основа извршен од страна на маскирани лица, кој се случил во Куманово, и ги повика надлежните институции да ги фатат и казнат напаѓачите на, како што велат од партијата, младите Албанци.
„Вознемирувачки е фактот, а уште повознемирувачки се сцените кога маскирани хулигани доцна во ноќта напаѓаат млад Албанец во најстариот центар на градот Куманово“,
се наведува во соопштението на Алијанса.
Оттаму велат дека овие сцени се слични на оние од пред неколку години од „поранешниот режим, кога настрадаа многу граѓани, главно млади луѓе“.