Во моментов во Франција, ковид-пропусница може да имаат и оние со неодамнешен негативен текст, како и луѓето кои прележале ковид. Новата пропусница е дел од напорите на францускиот претседател Емануел Макрон да го принуди невакцинираното малцинство да се вакцинира
Уставниот совет на Франција денеска одобри ковид-пропусниците да важа само за вакцинираните, одноно ќе содржат само потврда за вакцинација за оние над 16 години, за да можат да влезат на јавни места како кафулиња, ресторани и кина.
Новата пропусница е дел од напорите на францускиот претседател Емануел Макрон да го принуди невакцинираното малцинство да се вакцинира.
Одлуката на Уставниот совет го отвора патот овие пропусници да стапат на сила на 24 јануари.
Во моментов во Франција, ковид-пропусница може да имаат и оние со неодамнешен негативен текст, како и луѓето кои прележале ковид.
Уставниот совет ја потврди мерката на Владата со која се бара секое лица над 16 години да покаже пропусница за вакцинација, а на сопствениците на барови и ресторани да им се дозволи да ги проверат личните документи на поединецот за да спречат употреба на лажни сертификати.
Сепак, Уставниот совет го отфрли барањето тие пропусници да се прикажуваат на политички митинзи.
На помалку од три месеци пред изборите, францускиот Уставен совет смета дека таквата одредба може да и наштети на слободата на луѓето да споделуваат ставови и мислења.
Одобрувањето на новата пропусница доаѓа во време на улични протести во Франција против ограничувањата наметнати за да се спречи пандемијата.
Франција објави повеќе од 425 000 инфекции со коронавирус на 20 јануари, а болниците велат дека повеќето пациенти во единиците за интензивна нега не биле вакцинирани.
Францускиот премиер Жан Кастекс објави дека од 2 февруари во земјата постепено ќе се укинуваат рестрикциите за заштита од коронавирусот, како носење маски на отворено, што беше воведено во некои зони.