Дискотеките во Франција може повторно да се отворат од 16 февруари, а од тој датум ќе можат повторно да се одржуваат и концерти
Францускиот премиер Жан Кастекс објави дека од 2 февруари во земјата постепено ќе се укинуваат рестрикциите за заштита од коронавирусот, како носење маски на отворено, што беше воведено во некои зони, пренесува српската Н1.
На тој датум, девет дена по стапувањето во сила на вакциналната пропусница, која, пак, треба да важи од понеделник идната недела, ќе бидат укинати мерките на местата отворени за јавноста, а работењето од далечина ќе биде само „препорачана“.
Вакциналната пропусница, пак, која ќе важи за сите лица постари од 16 години, треба да стапи во сила од понеделник и да служи за влез во ресторани, саеми, семинари, професионални собири и во регионалниот јавен сообраќај.
Стапувањето во сила на оваа мерка ќе зависи од одлуките на Уставниот совет.
Вакциналната пропусница би требало да овозможи укинување на „повеќето донесени рестрикции“, кажа Кастекс.
Дискотеките во Франција може повторно да се отворат од16 февруари, а од тој датум ќе можат повторно да се одржуваат и концерти.
Француската влада објави оти дополнителната доза од антиковид вакцината ќе може да се дава на адолесценти од 12 до 17 години, но не е задолжително.