Во текот на изминатото деноноќие со ковид починаа вкупно шест пациенти, а четворица се од Скопје.
Како што информира Министерството за здравство, сите се на возраст над 60 години. Најстариот има 85 години, а најмладиот 61 година.
Четворица од починатите се од Скопје на возраст од 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент е од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години.
Петмина се починати во болнички, а еден вон болнички услови.
Дневната статистика за состојбата со ковид во земјава може да ја прочитате тука.