Скопските општини Чаир и Гази Баба имаа најмногу активни случаи на ковид или по 114 во Чаир и 100 во Гази Баба, веднаш позади нив е Аеродром со 99 случаи, па Карпош со 92.
Во моментов на територијата на Скопје има вкупно 829 активни случаи од 5 615 вкупно регистрирани од почетокот на епидемијата досега.
Во Центар има 81 случај, а во Кисела Вода 84, по дваесетина помалку има во Ѓорче Петров – 63 и Бител – 61.
Во Шуто Оризари активни ковид-случаи се 36, во Сарај 20, а во Студенични 19. Во Арачиново има 15 активни, а во Илинден 12. Со едноцифрени бројки се Сопиште со девет активни случаи, Чучер Сандево со шест, Петровец со осум. Во Зелениково има четири, а четворица се се странци и уште две лица не се сè уште распределени.
Дневната статистика за состојбата со ковид во земјава може да ја прочитате тука.