Дневно ќе се прават по 100 теста кои ќе пристигнуваат од болниците од цела држава
Од денеска почнува со работа лабораторијата во МАНУ каде што дневно ќе се прават по 100 теста за ковид-19.
Како што информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, во оваа лабораторија ќе се носат брисеви од болниците од цела држава, кои ќе пристигнуваат до 14 часот, по што се спроведува процесот на изолација, па на идентификација на вирусот, со што резултатите би се добивале до 21-22 часот истиот ден.
Досега тестирања за ковид-19 се правеа на ИЈЗ, на Ветеринарниот факултет, во приватната болница „Жан Митрев“ и во „Систина“ со PCR-метода.
Во изминатото деноноќие направени се 207 теста, a досега во земјата се направени вкупно 12 340 тестирања за ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.