На официјалниот сајт на Министерството за внатрешни работи (МВР) осамна потерница за осомниченото лице во случајот „Двојник“, кое е во бегство.
Станува збор за Раиф Мифтари од Скопје, за кого е распишана меѓународна потерница. Тој е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања пропишано во членот 353 од Кривичниот законик.
За Мифтари е одреден притвор кој ќе стапи на сила при евентуалното негово пронаоѓање.
Покрај него, во случајот со издавањето македонски пасоши осомничени сè уште 10 лица. Од нив, шест се во притвор за овој случај, додека еден осомничен од претходно е во притвор во постапка кој се води за незаконско издавање возачки дозволи.
За тројца осомничени, пак, се одредени мерки на претпазливост.
Според обвинителството, 10 од осомничените вработени во МВР и еден посредник, се товарат дека преку службите во Министерството издавале македонски пасоши на странки државјани. Користеле туѓ, македонски идентитет на лица кои живеат во дијаспората, а фотографијата на пасошот била на лицето на кое му се издава.
*Поврзани вести:
МВР: Уапсени се десетина полициски службеници за фалсификување лични документи
Чулев тврди дека му оставил на Спасовски комплетирана истрага за фалсификуваните пасоши
Спасовски за аферата со пасошите: Еден од уапсените имал секојдневни контакти со Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: Единствениот со кој Мицкоски контактирал, а можеби е поврзан со пасошите е Заев
„Двојник“: Шест лица завршија во притвор, тројца со мерки на претпазливост
Заев за „Двојник“: Најголемите фалсификати биле во времето на ВМРО-ДПМНЕ
Седат Пекер демантира дека имал фалсификуван пасош
Мисајловски: Еден од главните соработници на италијанската мафија имал македонски пасош
Амбасада на САД: Не коментираме за „Двојник“, тесно соработуваме со МВР