Електраната беше исклучена од мрежата и беше цел на напади во последните недели. Украинските и руските сили, кои ја презедоа контролата врз локацијата во март на почетокот на инвазијата на Украина, меѓусебно се обвинуваат за нападите
Украинската нуклеарна централа во Запорожје повторно е приклучена на електричната мрежа на земјата, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„Поправениот далновод од 750 киловати сега ја снабдува најголемата нуклеарна централа во Европа со електрична енергија потребна за ладење на реакторот и други безбедносни функции“,
се вели во соопштението на МААЕ.
Електраната беше исклучена од мрежата и беше цел на напади во последните недели. Украинските и руските сили, кои ја презедоа контролата врз локацијата во март на почетокот на инвазијата на Украина, меѓусебно се обвинуваат за нападите.
Тим експерти на МААЕ ја посетија електраната на почетокот на септември, а двајца членови од тој тим се уште се во Запорожје и постојано ја следат состојбата во електраната.
Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси, изјави дека не може да утврди кој ја гранатирал нуклеарната централа Запорожје и цени дека состојбата во комплексот се уште е многу загрижувачка и предупреди дека „си играме со оган“.
На 11 септември украинската енергетска компанија Енергоатом соопшти дека работата на централата е целосно запрена.
Рускиот претседател Владимир Путин и француски колега Емануел Макрон истиот ден разговараа за овој проблем.