Како прва активност во наредните денови е утрешната 69. седница на Собранието, со почеток во 11 часот, а потоа е пленарната седница за пратенички прашања, закажана за четврток на 28 април, после Велигден
Од утре се враќа во функција прес-центарот на Собранието, а новинарите ќе можат да ги следат и седниците на собраниските тела во салите каде што и се одржуваат. Покрај тоа, се враќа во редовна работа и бифето до прес-центарот, соопштија денеска од собраниската прес-служба.
Врз основа на најновата донесена одлука на Владата за влегување во сила на новите здравствени протоколи за заштита од ковид-19, и во законодавниот дом се укинува мерката за задолжително носење маски во затворен простор, но останува мерката за мерење на телесна температура при влез во зградата на Собранието.
На редовната координација што се одржа денес во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието Талат Џафери ги информираше присутните за активностите на законодавниот дом во наредните денови.
Како прва активност во наредните денови е утрешната 69. седница на Собранието, со почеток во 11 часот, а потоа е пленарната седница за пратенички прашања, закажана за четврток на 28 април, после Велигден.