Во Основниот кривичен суд во Скопје во тек е сведочењето на поранешниот новинар во 1ТВ, Христијан Банески на судското рочиште за случајот Рекет. Во моментов, новинарот одговара на прашања на осомничениот Бојан Јовановски.
„На почетокот ја имавме слободата за известување, затоа сите тие моменти кои ги набројав ме шокираа. Во периодот кога осомничените од случајот „Империја“ ги пуштија од притвор, господинот Јовановски дојде и ни рече на новинарите кои бевме таму дека не смееме да пишуваме повеќе ништо за тој случај”, рече Банески одговарајќи на прашањето на Боки дали сведокот како новинар имал целосна слобода во известувањето.
„Зошто кога си бил сведок на нечесни и нелегални дејствија според тебе веднаш не си пријавил кај надлежните институции”, е уште едно прашање на Јовановски.
Банески, пак рече дека тој не ги квалификува нештата како незаконски току дека му било сомнително.
„Капката која ја прелеа чашата е кога јас те прашав ‘дали го рекетираме овој човек’, а ти ми рече дека ‘телевизијата мора да живее од нешто'”, одговори сведокот алудирајќи на приказна која ја барал Јовановски за бизнисменот од Велес кој работи во месната индустрија.
Второосомничената во Рекет, Катица Јанева и нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска, се изјаснија дека немаат прашања за новинарот.
Освен Банески денеска треба да сведочи и девојката која чистела во домот на Јовановски.
*поврзана вест: Новинарот Баневски сведочи дека Боки 13 нарачувал стории
*поврзана вест: Хигиеничарката на Боки 13: Дома му доаѓаа Јанева, Камчев, Шекеринска, Кирацовски, Богоев…