Во изминативе 24 часа регистрирани се 41 нов случај на ковид-19 во земјава, а 29 пациенти се излекувани, информира Министерството за здравство. Во денешната статистика нема починати лица.
Од излекуваните случаи, четири се од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола – 3 и Струмица – 1.
Во изминатите 24 часа потврдени се 41 нов случај на ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Преку ИЈЗ – 437, преку Ветеринарен факултет -23, „Авицена“ – 20, „Биотек“ – 49, „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 90 и „Систина“ со PCR-метода -30. Досега во земјата се направени вкупно 13 649 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив 23 на кислородна поддршка и пет на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се седум пациенти и седум се приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани три пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1300 , а последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 439
Куманово – 353
Дебар – 51
Штип – 34
Прилеп – 131
Тетово – 65
Струга – 55
Велес – 62
Битола – 17
Охрид – 15
Кавадарци – 5
Гостивар – 14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 3
Неготино – 3
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево – 1
Валандово -1