Во изминатите 24 часа се регистрирани 30 нови случаи позитивни на коронавирус во државава, и тоа 12 во Скопје, осум во Куманово, девет во Прилеп и еден во Крива Паланка, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, соопшти Министерството за здравство.
Според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје – 195, Куманово – 62, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 21, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица – 1, Крива Паланка – 2 и Кочани – 1 случај.
Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, од кои 177 преку Институтот за јавно здравје, 20 преку Ветеринарниот факултет, 21 преку „Авицена“, 24 преку „Биотек“, 100 преку клиниката „Жан Митрев“.
Досега се направени вкупно 4 117 тестирања на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.