Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19 во земјава и тоа во 8 градови, информираше Министерството за здравство.
По градови, најмногу има во Скопје – 11, во Струга 6, Тетово 3, Куманово 2, и по еден нов случај во Битола, Гостивар, Виница и Неготино.
„Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1 326“,
велат од Министерството.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив, двајца пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 15, Прилеп – 6, Велес – 3, Кочани – 2, Пробиштип – 1 и Штип – 7.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на Клиниката од 21 април.
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку ИЈЗ – 233, преку Ветеринарен факултет -12, „Авицена“ – 15, „Биотек“ – 52, „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 76, „Систина“ со PCR-метода -16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14 057 тестирања за ковид – 19.
Вкупниот број дијагностицирани пациенти со ковид-19 во државава изнесува 1 326 во 26 градови.
По завршување на епидемиолошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 451
Куманово – 355
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп – 131
Тетово – 69
Струга – 61
Велес – 62
Битола – 18
Охрид – 15
Кавадарци – 5
Гостивар – 14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 1
Валандово – 1
Виница – 1.
*Поврзана вест
На болничко лекување од ковид-19 се 108 пациенти, 13 се на респиратор