Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 24 случаи на коронавирус во земјава, а со тоа бројката се искачува на вкупно 201 заразено лице, информира Министерството за здравство.
Од новите случаи, 15 лица се од Скопје, четири лица се од Куманово, двајца се од Дебар, и по едно лице од Штип и Тетово.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани двајца пациенти кои на два контролни теста на ковид-19 имаа негативен резултат.
Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има три излекувани пациенти и три починати.