Пред два дена од земјава замина и друга група од 27 Авганистанци, кои отпатуваа во Даблин, Република Ирска. Во текот на минатата недела, пак, десетмина заминаа за Франција
Нова група од 35 Авганистанци, кои изминатиов период пристигнаа во Северна Македонија, каде што добија привремен престој, денеска заминаа од земјава.
Како што информираше Владата, граѓаните на Авганистан заминале за Грција, која им обезбедила трајно прибежиште.
„Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата“,
потсетуваат од Владата.
Во земјава сега престојуваат 407 Авганистанци. Тука тие ја добиваат целата потреба поддршка од институциите сè додека не им се обезбеди трансфер до крајната дестинација. Трошоците за нивниот престој во Северна Македонија во целост се покриени од меѓународните организации.
Пред два дена од земјава замина и друга група од 27 Авганистанци, кои отпатуваа во Даблин, Република Ирска. Во текот на минатата недела, пак, десетмина заминаа за Франција.