Одлуката за намалување на тестовите е политичка и не е донесена од Комисијата за заразни болести. Тогаш како може да се тврди дека експертите односно епидемиолозите ќе донесат одлука за можност или неможност за одржување на избори, пишува на својот профил на Фејсбук, Игор Николов, копретседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку Владата ја слушаше Комисијата за заразни болести, тогаш нели требаше и овој првомајски викенд да биде целосно затворен? Без тестирање, без вистински аргументи, како ќе одлучуваат експертите? Потребно е да се зголеми и забрза тестирањето, за да знаеме со што се бориме. Потребно е да се тестираат ризичните групи, како докторите и медицинските работници. Како ќе одлучуваат експертите? Врз основа на тоа што ќе им издиктира Љупчо Николовски или Зоран Заев“,
пишува Николов.
Тој се осврна и на ставот на Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, кој смета дека веднаш по стабилизирање на епидемијата треба да се реализираат изборите, пред да има втор бран на ковид-19.
„Подготвен ли е Љупчо Николовски да ги носи на одговорност во просек 4-5 смртни случаи што ги имаме дневно од корона во здравствениот систем? За период од 60 дена тоа ќе бидат вкупно околу 300 починати лица. Љупчно Николовски ‘докторот’, подготвен ли е ова да го носи на одговорност“,
вели Николов.