Резултатите на пациентката која вечерва на Инфективната клиника во Скопје беше тестирана дали има коронавирус се негативни.
Станува збор за патничка која вчера попладне со авион од Милано пристигнала во Скопје. Иако беше најавено дека резултатите ќе се објават за четири часа, Министерството за здравство ги соопшти по неполн час откако објави дека се испитува третиот сомнителен случај.
И претходните два сомнителни случаи во земјава се покажаа негативни. Во еден од нив, исто така, стануваше збор за патник пристигнат во Скопје од Милано, додека вториот случај беше пациент кој претходно шест дена престојувал во Дубаи.
*Поврзани вести:
Објавени телефонски броеви за пријавување сомнителни случаи на коронавирус
Владини заклучоци за коронавирусот: Да се набават маски и сапуни и да се одложат екскурзиите