Резултатите од денешното тестирање на седумтемина пациенти се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.
Пациентите кои денеска се тестираа се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку ЦЈЗ Штип.
Пациентот од Кочани бил тестиран по втор пат, бидејќи симптомите биле типични за коронавирусот, но и новиот тест е негативен.
“Вториот повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот. И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но поради типичните симптоми на вирусот, беше повторен“,
информираше министерот Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.