Експремиерот вели дека дал идеја како да излеземе од „ќорсокакот“ и да одиме напред
С Македонија не заслужува да изгуби 20 години во преговори и треба решение како да излеземе и да одиме напред, изјави лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски во „Отворено“ на ТВ 24, откако неговите пет предлози за подобрување на односите со Бугарија предизвикаа лавина од реакции во јавноста.
„Без никаква координација се оградија од двете страни. Јас дадов идеја да излеземе од овој ќорсокак во кој западнавме по ветото од Бугарија, а, како што стојат работите и наредната сесија не гледам дека нешто посериозно ќе се случува. Тоа беше една идеја да се стават старо-нови идеи на маса, некои модифицирани и да тргнеме напред“,
изјави Георгиевски.
Експремиерот нагласува дека отсекогаш кршел табуа, уште во деведесетите години од минатиот век, кога Македонците, како што вели, биле порасположени за Југославија. Рече дека и дека прв ја кажал додавката Северна за Македонија. Смета дека тој го направил најпатриотскиот чин во однос на Бугарија.
Премиерот Зоран Заев се огради од предлозите на Георгиевски, чија партија сега е во коалиција со СДСМ. Заев рече дека тоа се лични ставови на поранешниот премиер, додека Владата има свои позиции и не преговата за идентитетски прашања.