Судот во Москва му одреди притвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални до 15 февруари, изјави денеска адвокатот Вадим Кобзев.
„Судот во Химки му одреди притвор на Навални до 15 февруари“,
истакна Кобзев.
Навални е уапсен вчера на аеродромот Шереметјево, веднаш откако пристигнал од Германија, со образложение дека ја прекршил условната казна. Рускиот опозициски лидер е ставен на потерница на 29 ноември минатата година.
Судското рочиште е закажано за 29 јануари, кога ќе се утврди дали условната казна ќе биде изменета.