Со осуда се јави и Џејк Саливан, иден советник на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој рече дека Навални мора веднаш да биде ослободен.
Руската полиција синоќа го уапси Навални на аеродромот „Шереметјево“ додека тој се подготвуваше да ја помине пасошката контрола
САД ѝ се придружија на ЕУ во осудите за апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и бараат негово безусловно ослободување, соопшти Стејт департментот.
Државниот секретар Мајк Помпео во изјава вели дека Алексеј Навални не е проблемот и на руските власти им порачува дека уверени политички лидери не се плашат од гласовите на конкуренцијата.
„Со огромна загриженост гледаме дека приведувањето е последно од низата обиди за замолчување на Навални и другите опозиционери и независни активисти, критичари на власта во Русија. Уверени политички лидери не се плашат од гласовите на конкуренцијата ниту, пак, вршат насилство или противправно ги апсат противниците. Рускиот народ, како и сите други, заслужува власт која поддржува слободен проток на идеи, транспарентно и одговорно владеење, независно судство и почитување на основните човекови права за изразување и собирање, без страв од одмазда. САД ја повикуваат руската влада да обезбеди еднакви услови за сите политички партии и кандидати што сакаат да учествуваат во изборниот процес. Алексеј Навални не е проблемот, бараме негово итно и безусловно ослободување веднаш“,
истакнува Помпео во соопштението.
Со осуда се јави и Џејк Саливан, иден советник на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој рече дека Навални мора веднаш да биде ослободен.
„Навални треба веднаш да биде ослободен, а извршителите ќе мора да бидат изведени пред лицето на правдата“,
наведе Џејк Саливан, идниот советник за национална безбедност на Бајден, во објавата на Твитер.
Во пораката се додава: „Нападот од Кремљ врз животот на Навални не е само кршење на човековите права, туку е и навреда за сите Руси кои би сакале да се слушне нивниот глас“.
Руската полиција синоќа го уапси Навални на аеродромот „Шереметјево“ додека тој се подготвуваше да ја помине пасошката контрола.
Претходно, авионот со кој тој пристигна од Берлин беше пренасочен и слета на „Шереметјево“, наместо на „Внуково“, кој беше затворен непосредно пред тој да слета, бидејќи таму го чекаа илјадници негови приврзаници. Шестмина од нив вчера попладне беа уапсени.
*Поврзани вести:
(ВИДЕО) Приведени повеќемина приврзаници на Навални на московскиот аеродром Внуково
Алексеј Навални уапсен по пристигнувањето во Москва
ЕУ бара итно ослободување на Навални – руските власти одговорија: Ќе одлучи судот