Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 1 Целзиусов степен, а максималните ќе се искачат од 3 до 11 степени
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност – вакво време според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска.
Попладне облачноста ќе се зголемува од запад. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од -6 до 1 Целзиусов степен, а максималните ќе се искачат од 3 до 11 степени.
Студено и облачно утро се очекува и во Скопје, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 2 до максимални 7 Целзиусови степени.
За утре УХМР прогнозира променливо облачно време со услови за врнежи од дожд во западите делови од земјава, а на некои повисоки места и врнежи од снег.