Доскорешниот пратеник на СДСМ доаѓа на местото на Драги Рашковски
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, кој неодамна се повлече од пратеничкот место, е именуван денеска за нов генереален секретар на Владата.
Иако се сомнуваше како можен директор на Фондот за здравствено осигурување, на Зекири сега му припадна функцијата што досега ја извршуваше Драги Рашковски.
Претходно, како нов генерален секретар на Владата се спомнуваше доскорешниот потпретседател на СДСМ и претходен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој неодамна се повлече од пратеничката функција и најави дека заминува од политиката.
Одлуката Зекири да биде генерален секретар на Владата е донесена на денешната седница, која е се уште во тек. Тој е поранешен новинар, а во 2016 година беше првшат избран за пратеник.
Во меѓувреме, Владата го пополни и директорското место во ФЗО.