Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва
Владата му препорача на Управниот одбор на ПИОМ да ја назначи за нова директорка Билјана Јовановска, откако таа минатата сеедмица поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за вработување. Фатон Ахмети, пак, е именуван за в.д. директор на Фондот на здравствено осигурување, со мандат од најмногу половина година.
На денешната владина седница, се затворени уште неколку кадровски прашања во третиот ешалон на власта. Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва, врз основа на предлозите на владината Комисија за именувања.
Како што соопштија од Владата, на УО на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување му се препорачува за в.д. директор да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик-директор Шаип Зенељи.
Владата денеска ја прифати оставката на Орхан Рамадани и го разреши од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување (ФЗО), Фатон Ахмети го назначи за в.д. директор до именување директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.
Амир Шабани, на денешната седница, е именуван за директор на Фондот за осигурување депозити, откако Владата ја прифатила оставката Борче Хаџиев. Потоа, Хаџиев е именуван на нова директорска позиција – во Бирото за јавно набавки, откако оставка поднел и досегашниот в.д. директор на оваа институција – Армир Садики.
На денешната седница, Владата го именуваше Бесир Деари за в.д. заменик на директорот на Управата за финансиска полиција, а Блерим Идризи за в.д. заменик-директор во Државниот завод за индустриска сопственост.