Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Според најавата од УХМР, во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
„Од понеделник времето ќе биде стабилно, со мала облачност во текот на денот. Ќе дува северозападен ветер, кој во понеделник и вторник, долж Повардарието ќе биде засилен“,
велат од УХМР.
