Министерот за здравство Филипче вели дека тоа би била истата група деца, нема зголемување на контактите, туку само се продолжува времето на престој во училиштето
Комисијата за заразни болести в понеделник на состанок ќе ја разгледува анализата дали да се дозволи продолжен престој во училиштата, но министерот за здравство Венко Филипче смета дека одлуката ќе биде позитивна.
„И тука важи истиот принцип, да се дозволи децата да останат и после наставата, ако бројката на деца е толку мала, да не ја загрозува здравствената состојба, да нема епидемиолошки ризик. Тоа е истата група деца, нема зголемување на контактите, туку само се продолжува времето на престој во училиштето“,
рече Филипче.
За барањата на мајките со продолжено породилно отстуство и натаму да не одат на работа, Филипче рече дека остануваат на истиот став, дека времетраењето на тие мерки за продолжено породилно отсуство од 6 месеци било доволно и дека сега треба да се вратат на работа. Сепак, посочи дека ги слушнале нивните забелешки и натаму ќе контактираат.
Поврзани вести:
Филипче – Шахпаска: Барањата на родителите ќе ги дискутираме во Владата
(ВИДЕО) Нашите деца не се експеримент, порачаа родители на протестот пред Влада
Во однос на состојбата во градинките по појавата на неколку случаи на заразени, Филипче рече дека има алгоритми и протоколи по кои се работи и дека ситуацијата секојдневно се следи. „Има земји каде нагло целосно се отворија градинки и школи, па се зголеми и бројот на заразени. Со постепено золемување на групите сакаме да го избегнеме тоа“, истакна Филипче.